УТРО.мк

Полицијата го фати во Тетово: Штипјанец осомничен за три кражби

Полицијата го фати во Тетово: Штипјанец осомничен за три кражби
Vero

Полицијата во Тетово вчера го лишила од слобода 27-годишен жител на Штип, кој живеел во Тетово, поради сомнение дека е инволвиран во три кривични дела поврзани со кражби.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Тетово во 12:45 часот го привеле М.Ц. (27).

Според досегашните сознанија, постои основано сомнение дека осомничениот се обидел да изврши тешка кражба во спортска обложувалница. Покрај тоа, тој се сомничи и за две кривични дела „дрска кражба“, кои, според полицијата, биле извршени во текот на минатата недела.

М.Ц. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР велат дека по целосното расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin