УТРО.мк

Пријавил дека го ограбиле со пиштол, полицијата откри дека сè било измислено

Пријавил дека го ограбиле со пиштол, полицијата откри дека сè било измислено
Vero

Необична пријава во Струга завршила со кривична пријава за лажно пријавување кривично дело, откако полицијата утврдила дека 32-годишен стружанец измислил дека бил жртва на грабнување.

Од МВР информираат дека ОВР Струга поднело кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“, предвидено во член 366 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, на 17 август 2026 година, К.Р. се обратил во ОВР Струга и тврдел дека во градот бил грабнат од повеќе лица. Во пријавата навел дека сторителите му се заканувале и со огнено оружје.

Полицијата презела мерки за расчистување на случајот, при што било утврдено дека настанот не се случил на начинот на кој бил пријавен.

К.Р. бил повикан на службен разговор во полициските простории, каде што признал дека лажно пријавил дека бил жртва на кривично дело.

По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна постапка согласно законските одредби.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin