
Хрватски државјанин е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила на локален пат во близина на селото Мешеишта, во општина Дебарца.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера, 8 септември, околу 12 часот во СВР Охрид.
Според информациите од полицијата, патничко возило „Линк Ко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот И.Б., државјанин на Република Хрватска, излетало од коловозот додека се движело по локалниот пат.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила увидна екипа на СВР Охрид, а се работи на утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

















