УТРО.мк

Уште еден град се приклучува на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“

Уште еден град се приклучува на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“
Vero

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес. Оттаму додаваат дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот, велат од МВР.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin