УТРО.мк

Две лица од Скопје изнудиле 300.000 евра од Кумановец

Две лица од Скопје изнудиле 300.000 евра од Кумановец
Vero

Две лица од Скопје се соочуваат со кривична пријава за изнуда, откако осум години вршеле притисок врз жител на Куманово и од него изнудиле над 300.000 евра. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за Ш.М. (34) и Ф.М. (37), кои со континуирани закани врз животот на оштетениот и неговото семејство, прибавиле огромна противправна имотна корист.

Изнудата започнала по заем од 30.000 евра, кој оштетениот го зел од Ш.М. под услов секој први во месецот да исплаќа камата од 16 проценти. Преку редовни месечни исплати, во готово и преку брз трансфер на пари, до денес оштетениот исплатил вкупно околу 300.000 евра.

Клучниот момент се случил на 4 август 2025 година, кога по претходен договор, оштетениот се сретнал со Ш.М. во кафе бар на бензинска пумпа во Куманово и му предал 2.000 евра. По предавањето на парите, Ш.М. бил уапсен, а при прегледот полицијата ги пронашла парите кај него.

Потоа, по наредба на судија од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот каде престојувале пријавените, при што била пронајдена релевантна документација поврзана со случајот.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а истрагата продолжува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран