УТРО.мк

Сообраќајна расправија на Бит Пазар прерасна во вооружен инцидент – млад скопјанец ранет со пиштол

Сообраќајна расправија на Бит Пазар прерасна во вооружен инцидент – млад скопјанец ранет со пиштол
Vero

Едно лице е хоспитализирано со повреди од огнено оружје по инцидент што се случил ноќеска околу 00:30 часот во населбата Бит Пазар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, до пукањето дошло поради недоразбирање во сообраќајот меѓу два соседа.

Нападнатиот, 25-годишниот О.Е. од Скопје, бил пренесен и задржан во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, со прострелни рани во градниот кош и раката. Настанот бил пријавен во полиција во 01:10 часот.

Како што информираат од СВР Скопје, расправијата започнала пред дворот на куќата на О.Е., каде неговиот сосед Ќ.Ч. најпрво го нападнал физички. Потоа, заедно со уште четворица – М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. – влегле во дворот и физички ги нападнале и другите членови на семејството: неговиот татко Д.Е. и братот М.Е.

Во текот на нападот, Ќ.Ч. извадил пиштол и пукал, при што го погодил О.Е. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје, при што биле пронајдени три чаури.

Случајот е целосно документиран и во тек е понатамошна постапка. Против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран