На 8 август 2025 година во 19:10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Е.М. (31) од Сојузна Република Германија.
При граничната контрола било утврдено дека патничкото возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, е пријавено во базата на Интерпол како украдено.
Лицето веднаш било предадено на полициската станица Чаир за понатамошна постапка. По комплетирање на документите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.