Аналитичарите на Институтот за проучување на војната (ISW) предупредуваат дека целосно повлекување на украинските сили од Донецката област, како дел од можен договор со Русија, би ѝ обезбедило на Москва значителна стратешка предност.
Со тоа, Русија би го презела контролниот „појас на утврдувања“ – клучна одбранбена линија изградена од 2014 година – што би ѝ овозможило поволни позиции за идни офанзиви кон Харковската и Днепропетровската област. ISW нагласува дека Русите не успеале да го освојат овој појас за три и пол години целосна војна и дека неговото заземање би барало долготрајна операција со големи загуби.
Според извештајот, предавањето на преостанатите територии во Донецк би ги поставило руските сили на нови, потешко одбранливи украински граници, принудувајќи Киев да гради нови масивни утврдувања на терени кои се географски неповолни за одбрана.
ISW оценува дека Москва речиси сигурно би го прекршила секој идeн прекин на огнот без силни механизми за надзор и безбедносни гаранции.
Анализата е објавена во пресрет на најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин на 15 август на Алјаска, на која, според „Wall Street Journal“, ќе се разгледува двофазен план за прекин на непријателствата во замена за значителни украински територијални уступки.