УТРО.мк

Приведено лице во Виница по напад на началник

Приведено лице во Виница по напад на началник
Vero

Во Виница, на 8 август, полициски службеници го лишија од слобода Б.В. (27) од Кочани, кој физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи додека му врачувал покана за службен разговор.

При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени околу 100 семки канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавниот обвинител, ќе следат соодветни пријави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран