СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против четири лица од Ресен, Битола и Охрид, поради тешка кражба и прикривање украдени предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, М.М. (39) и И.Б. (19), двапати во периодот од 1 февруари до 23 април 2025 година извршиле тешка кражба на делницата од Битола до село Кременица, одземајќи поголема количина акумулатори од сопственост на ЈП за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија.
Д.Н. (29) од Битола и М.Џ. (27) од Охрид ги откупиле украдените акумулатори за одредена сума, иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело, без да го пријават случајот во полиција.
Предизвиканата материјална штета се проценува на 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот судија на претходна постапка им одреди притвор од 30 дена.