УТРО.мк

Македонка се удавила на Халкидики – четврта жртва ова лето

Македонка се удавила на Халкидики – четврта жртва ова лето
Vero

Нова трагедија ја потресе македонската јавност – 75-годишна македонска државјанка се удави вчера попладне на плажата Созополи, во близина на првиот крак на Халкидики. Жената била извлечена од морето без знаци на живот, а и покрај обидите за реанимација, лекарите во Здравствениот центар во Неа Муданија само можеле да констатираат смрт.

Инцидентот се случил пред бројни туристи, а според крајбрежната служба на Грција, на местото веднаш пристигнала екипа на итната медицинска служба која ѝ пружила прва помош. Случајот е предаден на истражните органи, а наредена е и обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

Ова е веќе четврта жртва од Македонија на грчките плажи ова лето. Претходно животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак, 77-годишна жена на вториот и 80-годишен маж во близина на Кавала.

Грчките служби апелираат на екстремна претпазливост, особено кај постарите лица и оние со здравствени проблеми. Туристите се повикуваат да пливаат во присуство на спасувачи и да не ја потценуваат моќта на морето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран