Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска попладне, на 8 август, граѓаните ќе добијат тест-СМС пораки преку системот за масовно известување „cell broadcasting“, со цел проверка на неговата техничка функционалност.
Овој систем овозможува испраќање на итни пораки до сите корисници на мобилни телефони кои се наоѓаат во конкретна географска област, независно од мобилниот оператор. Тестот е дел од националната подготовка за подобро справување со кризни состојби, како пожари, поплави, земјотреси, екстремни временски услови или други опасности.
Од ЦУК нагласуваат дека целта на системот е навремено, точно и ефикасно информирање на населението во моменти кога секунда може да значи живот.