УТРО.мк

Зеленски: Украина повеќе не може со сила да ги врати окупираните територии

Зеленски: Украина повеќе не може со сила да ги врати окупираните територии
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев веќе не гледа можност преку вооружена сила да ги врати териториите под руска контрола, нагласувајќи дека дипломатските решенија сега се единствениот реален пат напред.

Според британскиот „Телеграф“, Зеленски посочил дека Украина би прифатила прекин на огнот кој би го замрзнал конфликтот на постојната линија на фронтот, но без признавање на руската контрола врз ниту една од „окупираните територии“.

„Ослободувањето на териториите со воени средства повеќе не е возможно. Ќе мора да се бара дипломатско решение,“ изјавил украинскиот претседател, пренесува весникот.

Во истиот текст се наведуваат и резултатите од анкетата на „Галуп“, според кои само 25 отсто од украинските граѓани изразиле подготвеност да продолжат со борба „до крај“, што покажува значително намалување на довербата во можноста за воена победа.

Оваа изјава на Зеленски доаѓа еден ден по состанокот во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф. По разговорите беше најавена директна средба меѓу Путин и американскиот лидер Доналд Трамп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран