УТРО.мк

Српски турист почина на плажа во Пиерија – наредена обдукција во Солун

Српски турист почина на плажа во Пиерија – наредена обдукција во Солун
Vero

Трагедија на грчкото крајбрежје: 44-годишен српски државјанин почина откако бил извлечен без свест од морето на плажата Нови Пори, во близина на Пиерија.

Според информациите од грчката крајбрежна стража, мажот добил прва помош од спасувачите на терен, по што итно бил пренесен со возило на брза помош во најблискиот медицински центар. Лекарите таму само можеле да ја констатираат неговата смрт.

Четвртиот оддел на пристанишната служба Платамонас при Централната пристанишна управа на Солун започна прелиминарна истрага за случајот, а наредена е и обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

Ова е уште еден во низата несреќни случаи ова лето на грчките плажи, каде животот го загубија повеќе туристи од Србија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран