75-годишна македонска државјанка се удави на плажата Созополи во Грција
Вчера попладне, 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот од морето на плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики.
Како што информира крајбрежната служба на Грција, по пристигнувањето на екипа од итната медицинска помош ѝ била укажана прва помош, а потоа била пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите ја констатирале смртта.
Надлежните органи соопштија дека во рамките на прелиминарната истрага е наредена обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Според информациите на МИА, ова е четврти случај на удавување на македонски државјанин на грчките плажи ова лето. Во последните два месеци, животот го загубија и 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.