Од денеска на автопатот Кичево – Охрид започна поставувањето на нови камери за мерење на брзината со цел санкционирање на возачи кои ќе ги прекршат сообраќајните правила. Камерите се инсталираат на две критични точки: кај Ново Село – Дебрца и кај Требеништа – Горенци.
Оваа мерка е дел од напорите за подобрување на безбедноста на сообраќајот на оваа фреквентна автопатска делница, каде што честите прекршоци со брзината претставуваат ризик за возачите и останатите учесници во сообраќајот.
Возачите се повикуваат да ја почитуваат ограничената брзина и да возат внимателно, со цел да се намали бројот на несреќи и да се зачува животот на патиштата.