Според информациите од Центарот за управување со кризи, на ден 9 август 2025 година до 12:30 часот, на територијата на Македонија се регистрирани пет пожари на отворен простор.
Од нив, три пожари сè уште се активни: во село Братиндол кај Битола гори сува трева во нива, во Прилеп над касарната гори сува трева, а во Валандово покрај патот кон Дојран исто така гори сува трева.
Два пожари се ставени под контрола — во Тетово каде гори ѓубре кај железничката станица и во Ранковце каде гори ниска трева и ситна шума.
Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за заштита од пожар, особено во услови на високи температури и суша.