УТРО.мк

Силен пожар кај Атина: Еден загинат, стотици евакуирани поради подметнат оган

Силен пожар кај Атина: Еден загинат, стотици евакуирани поради подметнат оган
Vero

Голем пожар што избувна југозападно од Атина во саботата одзеде еден човечки живот и продолжува да се шири поради силните ветрови. Грчките медиуми известуваат дека ситуацијата е главно под контрола, а во гаснењето учествуваат неколку хеликоптери и канадери.

Пожарот беснее на околу 35 километри од Атина, а градоначалникот на едно од погодените села изјави дека пожарот е подметнат. На местото каде што започна огнот е пронајдена гасна боца, а локалните жители забележале сомнително однесување на лице кое се движело на мотор.

Поради пожарот евакуирани се неколку села, а околу 400 луѓе се спасени. Дел од куќите во погоденото подрачје изгореа, но точната штета сè уште не е позната. Во петокот, при пожарот загина маж чија куќа била опколена со пламен.

Големи пожари се регистрирани и во централна Грција и на полуостровот Пелопонез. Грчката цивилна заштита предупредува дека поради сушата и силните ветрови, во многу делови од земјата останува на сила предупредување за екстремно висок ризик од пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран