УТРО.мк

Грција ја изгуби контролата над пожарите: Нови евакуации и загрозени крајбрежни населби

Грција ја изгуби контролата над пожарите: Нови евакуации и загрозени крајбрежни населби
Vero

Пожарите во Грција продолжуваат да се шират и покрај силната поддршка од Европската унија, а состојбата е критична со оглед на силните ветрови кои ги отежнуваат напорите за гаснење.

Големиот пожар што започна во Кератеа се прошири на Анависос и околните населби, а рано утрово беа употребени воздушни средства за справување со огнот. Жителите од Харвало, Агиос Николаос и Мавро Литарија добија известувања за итна евакуација поради заканата од ширење на пожарот кон крајбрежните области.

Заменик-градоначалникот на Саронскиот Залив потврди дека пожарот е подметнат, откако во населбата Агиос Николаос беше пронајдена боца со гас, а сведоци пријавиле сомнителни движења на лице со мотоцикл. Се истражува и можноста пожарот да започнал од електричен столб.

Вчера беа спасени 124 лица, меѓу кои и 35 од дом за стари лица во Палаја Фокаја, но за жал беше пронајдено и телото на 76-годишен маж.

Силните ветрови кои дуваат до 90 километри на час дополнително ја отежнуваат ситуацијата, а бројни населби се евакуирани со поддршка од крајбрежната стража која помага со евакуации по море.

Медицинските екипи се во состојба на готовност и ги преместуваат ранливите категории во побезбедни објекти.

Научниците ја означуваат оваа област како „жариште на шумски пожари“, каде што пожарите се честа појава во топлите и суви летни месеци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран