УТРО.мк

Наскоро во употреба нова делница од автопатот Кичево–Охрид

Наскоро во употреба нова делница од автопатот Кичево–Охрид
Vero

Работите на автопатот Кичево–Охрид се одвиваат со забрзано темпо, а уште една делница наскоро ќе биде пуштена во употреба, информира Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, заедно со инженерскиот тим изврши увид на терен, при што беше констатирано дека изведувачите „Гранит“, „Синохидро“ и „Илинден“ работат на сите подделници од трасата. Во моментов, покрај асфалтирањето, се поставува еластична заштитна ограда, се бетонираат пропусти, се уредуваат клучки и натпатници и се поставува осветлување.

Од претпријатието најавуваат дека за краток период ќе биде завршена и ставена во функција новата делница, со што ќе се доближи финалната реализација на овој значаен инфраструктурен проект. Трајановски им изрази благодарност на сите изведувачи и подизведувачи за, како што рече, „максималната посветеност и активност“ на терен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран