Командантот на индиските воздухопловни сили, генерал А.П. Синг, изјави дека Индија соборила шест пакистански воени авиони за време на конфликтот со Пакистан во мај годинава.
Според генерал Синг, пет борбени авиони и еден голем авион, веројатно за набљудување, биле соборени со помош на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400. Големиот авион бил уништен на растојание од 300 километри, додаде тој.
Ова е прва официјална изјава од Индија по неколку месеци од воениот судир меѓу двете соседни држави, кои имаат долгогодишни тензии. Пакистанската војска засега не одговори на барањата за коментар.
Генералот не наведе конкретен тип на соборените авиони, но потврди дека информациите се базираат на електронско следење.