УТРО.мк

Почит кон хероите: Армијата и Министерството за одбрана одбележаа 24 години од загинувањето на резервистите кај Љуботенски бачила

Почит кон хероите: Армијата и Министерството за одбрана одбележаа 24 години од загинувањето на резервистите кај Љуботенски бачила
Vero

Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители.

По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев положи венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата во с.Љубанци, Волково, касарната „Илинден“ и Општината Ѓорче Петров.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на Армијата, на патот кај месноста Љуботенски бачила, при активирање на мина животот го загубија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран