Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека секој потег на Москва во врска со распоредувањето на вооружување е реакција на чекорите на Вашингтон и неговите сојузници.
Тој посочи дека американските системи сè почесто се поставуваат во региони што директно влијаат врз безбедноста на Русија, пренесуваат руските медиуми.
И покрај тоа, Рјабков оцени дека во односите меѓу Русија и САД се појавуваат првите знаци на здрав разум, кои не беа присутни во изминатите години.
Во својата изјава, тој нагласи дека покрај ракетите „Орешник“, Москва располага и со друго „најсовремено оружје“, додека сепак постои ризик од нуклеарен конфликт.
Рјабков истакна дека е потребна политичка волја за постепено намалување на тензиите во евроатлантскиот регион и предупреди дека светот се соочува со премногу конфликти на различни места.