УТРО.мк

Путин и Трамп ќе се сретнат на 15 август во Алјаска

Путин и Трамп ќе се сретнат на 15 август во Алјаска
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп ќе одржат самит на 15 август во Алјаска, потврди помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.

„Американската страна штотуку објави дека е постигнат договор за организирање средба меѓу рускиот и американскиот претседател. Русија и САД се блиски соседи и сосема логично е овој важен и очекуван самит да се одржи во Алјаска“, изјави Ушаков, нагласувајќи дека целта е да се разгледаат опциите за долгорочно мирно решение за украинската криза.

Тој додаде дека Москва и Вашингтон ќе ги договараат деталите на состанокот во наредните денови, а следниот самит би можел да се одржи во Русија, каде Трамп веќе е поканет. Освен за Украина, лидерите ќе разговараат и за економските интереси во Алјаска и Арктикот, како и за можноста за заеднички големи проекти.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека „долгоочекуваната средба“ ќе се одржи следниот петок и најави дека повеќе информации ќе бидат објавени наскоро.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран