УТРО.мк

Трамп успеа – стави крај на историски долгогодишен конфликт

Трамп успеа – стави крај на историски долгогодишен конфликт
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп посредуваше во постигнувањето историски договор меѓу Азербејџан и Ерменија, со кој двете земји ветуваат дека „засекогаш“ ќе престанат да се борат. Во Вашингтон, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан го поздравија Трамп и изјавија дека тој заслужува Нобелова награда за мир.

Договорот предвидува воспоставување траен мир, отворање на границите за трговија и патувања и развој на дипломатски односи, при почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на двете страни. Трамп увери дека ќе продолжи да биде посредник и им порача: „Ако не успеете, јавете ми се и јас ќе средам.“

Спогодбата вклучува и создавање транзитен коридор преку Ерменија што ќе ја поврзе Азербејџан со неговата енклава Нахичеван. Овој коридор, наречен „Патот на Трамп кон светскиот мир и просперитет“, ќе вклучува железница, нафтоводи, гасоводи и оптички кабли, а САД ќе имаат право да учествуваат во неговата изградба.

Ова е долгогодишно барање на Баку и голем напредок во регионот, кој долго време беше обележан со конфликт. Турското Министерство за надворешни работи и Франција ја поздравија спогодбата како важен чекор кон нормализација на односите.

Илхам Алиев и Никол Пашињан заеднички го номинираа Трамп за Нобелова награда за мир, а номинации за него во последно време стигнаа и од Израел, Пакистан и Камбоџа. Трамп ја изрази својата благодарност и посветеност на продолжување на напорите за мировни решенија во светот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран