УТРО.мк

Ристовски: Реконструирани спортските терени и поставени нови фитнес справи во ООУ „Кочо Рацин“ во Центар

Ристовски: Реконструирани спортските терени и поставени нови фитнес справи во ООУ „Кочо Рацин“ во Центар
Vero

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, заврши комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште и поставувањето на нови фитнес справи на отворено.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во овој проект се инвестирани 4,6 милиони денари, како одговор на барањата на жителите на Центар.

Мултифункционалното игралиште е целосно обновено за фудбал, одбојка и ракомет, кошаркарското игралиште доби нови обележувања и опрема, а младите добија и современи фитнес справи за тренинг на отворено.

Ристовски нагласи дека ваквите инвестиции се насочени кон поттикнување на спортот и активниот животен стил кај младите.

Видеото може да го погледнете тука

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран