УТРО.мк

Ѓорѓиевски на меморијален турнир во Љубанци во чест на загинатите бранители

Ѓорѓиевски на меморијален турнир во Љубанци во чест на загинатите бранители
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на отворањето на меморијалниот турнир во Љубанци, посветен на бранителите Томе Бадаревски и Гоце Чанкуловски, кои го загубија животот во одбрана на Република Македонија.

Турнирот се одржува на новото фудбалско игралиште со вештачка трева, изградено од Даре и неговиот тим. Ѓорѓиевски изрази благодарност до градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, за поканата и можноста да биде дел од настанот.

„Чест ми е што сум овде, меѓу народот, на турнир кој го одбележува сеќавањето на нашите херои,“ порача Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран