УТРО.мк

Киев: Русија ја зголемува употребата на авионите Су-57 во нападите врз Украина

Киев: Русија ја зголемува употребата на авионите Су-57 во нападите врз Украина
Vero

Руската армија сè поинтензивно ги користи своите најсовремени борбени авиони Су-57 во нападите врз украински цели долж фронтот, но и длабоко во внатрешноста на територијата, соопштија денеска вооружените сили на Украина.

Станува збор за ловци од петтата генерација, кои според украинските власти досега биле користени ретко, поради загриженост од страна на Москва дека би можеле да бидат соборени, заробени или изложени на анализа од страна на НАТО инженерите.

Полскиот портал Интериа објавува дека авионите Су-57 моментално се користат за лансирање на нови видови проектили, вклучително и крстосувачките ракети Х-69, кои претставуваат сериозна закана за украинската воздушна одбрана.

Дополнително, Киев тврди дека постојат индиции за тестирање или интеграција на хиперсонични ракети Х-47M2 Кинжал на овој авион, ракети кои развиваат брзина до 10 маха и имаат дострел до 2.000 километри.

Су-57 е најновиот руски авион дизајниран за воздушна доминација и прецизни удари. Опремен е со технологија за прикривање, радар со активно електронско скенирање (AESA), како и способност за суперсонично крстарење без користење на дополнително согорување, што го прави тешко забележлив и високо мобилен на боиштето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран