УТРО.мк

Воен хеликоптер се урна во Гана – загина министерот за одбрана

Воен хеликоптер се урна во Гана – загина министерот за одбрана
Vero

Осум лица, меѓу кои и министрите за одбрана и животна средина на Гана, загинаа денеска при уривање на воен хеликоптер во јужната провинција Ашанти, потврдија властите во земјата.

Според Генералштабот на ганкото воено воздухопловство, леталото имало тројца членови на екипажот и пет патници, меѓу кои неколку високи владини функционери. Хеликоптерот ненадејно исчезнал од радарите, а причините за несреќата сè уште не се познати.

„Ова е национална трагедија“, изјави началникот на Генералштабот, Јулиус Дебрах, најавувајќи дека во чест на жртвите знамињата низ целата земја ќе бидат спуштени на половина копје.

Претседателот на Гана, Џон Махама, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, нарекувајќи ги „вистински патриоти кои му служеле на народот со чест“.

Спасувачките тимови се на терен, а се очекува истрагата за причините на несреќата да започне во најкус можен рок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран