УТРО.мк

Возел со 321 км/ч на автопат – казна и забрана за возење

Возел со 321 км/ч на автопат – казна и забрана за возење
Vero

Возач на луксузно возило „Порше Панамера“ бил снимен од камера за брзина како вози со 321 километар на час на автопатот А2, западно од Берлин, соопшти германската полиција.

Иако многу делови од германските автопати се познати по тоа што немаат ограничување на брзината, на овој конкретен сегмент важи ограничување од 120 км/ч. Тоа значи дека возачот возел дури 201 км/ч повеќе од дозволеното, пренесува Associated Press.

Идентитетот на возачот не е објавен, но полицијата од Магдебург информира дека му е изречена парична казна од 900 евра и забрана за управување со моторно возило во период од три месеци.

Автопатот А2, кој ги поврзува долината Рур со берлинската обиколница, често е мета на метежи и застои, па последниве години бројот на вакви прекршоци е во опаѓање.

Случајот уште еднаш ги отвори дилемите во Германија за потребата од воведување униформни ограничувања на брзината на сите делови од автопатите. Додека еден дел од јавноста и експертите бараат строги прописи, други и понатаму се залагаат за задржување на постојниот систем без ограничување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран