УТРО.мк

Тепачка по полноќ во скопско – Полицијата презема мерки

Тепачка по полноќ во скопско – Полицијата презема мерки
Vero

Повеќе лица се впуштиле во физичка пресметка по полноќ на влезот во скопското село Огњанци, при што бил нарушен јавниот ред и мир, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен денеска (6 август 2025) околу 00:30 часот. По претходна расправија, дошло до тепачка помеѓу две групи лица: од едната страна биле Н.Р. (49) и А.Р. (48), а од другата Б.Ќ. (33), Р.Б. (19), И.Б. (19) и Р.Б. (40), сите од село Огњанци.

Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци против вклучените лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран