УТРО.мк

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени
Vero

Четири лица од Дебар се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово–Гостивар.

Според информациите од МВР, незгодата се случила на 6 октомври во 22:25 часот, кога патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.М. од Дебар, излетало од коловозот.

Во несреќата повреден бил 18-годишниот сопатник А.Ф., кому телесните повреди му биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Поради тежината на повредите, возачот А.М. и сопатниците Е.Б. (18) и А.М. (19) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По извршените дополнителни медицински прегледи, кај Е.Б. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај А.М. биле утврдени телесни повреди.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од ОВР Гостивар.

…

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран