Додека група граѓани мирно преминувала на обележан пешачки премин во центарот на Смедерево, такси-возило со регистарски таблички SD 0814 TX нагло налетало врз нив, притоа удирајќи неколкумина. Еден од пешаците бил буквално „собран“ од возилото и неколку стотици метри се возел на хаубата, известува новинар на Н1.
На социјалните мрежи се појави и видео-снимка од инцидентот, каде се гледа како човек очајно се држи на хаубата додека возилото се движи низ улиците на градот.
Тензиите во Србија не стивнуваат
Инцидентот во Смедерево се случува во контекст на зголемени тензии и граѓанска непослушност во Србија. Од раните утрински часови продолжуваат блокадите и протестите низ повеќе градови, додека властите продолжуваат со апсења.
Неколку студенти утрово беа уапсени во близина на Факултетот за драмски уметности во Белград, додека еден граѓанин во Крагуевац беше приведен поради одбивање да се легитимира пред припадници на полицијата.
Граѓанскиот притисок и тензиите меѓу демонстрантите и властите очигледно се заоструваат, додека јавноста бара транспарентност и одговорност за постапките на државните органи.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 txpic.twitter.com/8rAciLoxVe— Petar Petrovic (@tombomn)July 4, 2025