УТРО.мк

Зеленски: Русија го изведе еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната, лансирани 550 ракети и дронови

Зеленски: Русија го изведе еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната, лансирани 550 ракети и дронови
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија во текот на ноќта извршила еден од најинтензивните воздушни напади од почетокот на војната, користејќи вкупно 550 проектили и беспилотни летала, од кои најмалку 330 биле дронови „Шахед“ со иранско и руско потекло, како и балистички ракети.

Во објава на социјалната мрежа X, Зеленски посочи дека Киев бил главна цел на нападите, но удари се регистрирани и во Дњепропетровската, Сумската, Харковската, Черниговската и Киевската област.

Според досегашните податоци, најмалку 23 лица се ранети, а штетата е нанесена на неколку инфраструктурни и цивилни локации.

Украинските сили за противвоздушна одбрана успеале да пресретнат 270 воздушни цели, а дополнителни 208 дронови биле електронски оневозможени. Зеленски истакна дека Русија користела и пресретнувачки дронови во нападот.

Овој масовен напад се совпаднал со објавите за телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Зеленски додаде дека воздушната тревога во Киев траела до раните утрински часови, а градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, потврди дека од нападот во градот се повредени 23 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Украинските служби сè уште работат на гаснење на пожари и отстранување на остатоците од дронови и ракети, а во тек е и проценка на причинетата материјална штета.

Зеленски упати апел до меѓународната заедница, особено до Соединетите Американски Држави, да не ја прекинуваат воената поддршка за Украина, нагласувајќи дека системите „Патриот“ и противракетната заштита се клучни за одбрана на цивилното население.

Претседателот предупреди дека без засилен економски и политички притисок врз Москва, руските напади нема да престанат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран