Црногорски полицајци отпатувале во Берн за екстрадиција на висок член на нарко кланот Шкаљари, но на лице место утврдиле дека биле измамени. Според официјалните информации од Полициската управа, швајцарските власти трипати потврдиле дека отпечатоците од прстите на Вујиќ се совпаѓаат со лицето уапсено на 13 август.
На 29 август, црногорските оперативци визуелно идентификувале дека лицето не е висок член на кланот и веднаш побарале проверки, при што беше отворена меѓународна истрага за утврдување на пропустите во синџирот на апсењето и предавањето.
Истражители од Европол и Интерпол ќе ја утврдуваат одговорноста на сите учесници во операцијата, од оние кои го лоцирале и уапсиле лицето до оние кои го предале. Црногорската полиција истакна дека лицето всушност е државјанин на Словенија и не е Вујиќ, како што било претходно потврдено од швајцарските власти.
Надлежните швајцарски органи се задолжени да преземат мерки и да утврдат одговорност за настанатите околности.