Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, денеска ја посети општината Аеродром заедно со идниот градоначалник Дејан Митески и пратеничката Катерина Димитровска.

Тројката се сретна со граѓаните во паркот „Јане Сандански“ и во Лисиче, каде луѓето отворено ги споделија своите идеи, предлози и проблеми. „Токму тие разговори се нашата најголема сила и мотивација“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека ветува чесност, посветеност и упорност за подобар и подостоинствен живот, нагласувајќи дека дадениот збор е обврска од која никогаш не се откажуваат.

„Заедно со вас ќе ја создадеме победничката програма, според која Аеродром и цело Скопје ќе бидат уште поубави и достоинствени места за живеење“, додаде Ѓорѓиевски, изразувајќи благодарност за довербата и масовната поддршка од граѓаните.
