УТРО.мк

Азизи: ДУИ ја негира вистината, но фактите остануваат

Азизи: ДУИ ја негира вистината, но фактите остануваат
Vero

Пратеникот Аднан Азизи од движењето ВЛЕН обвини дека Бујар Османи и ДУИ ја негираат јавната средба со поранешниот премиер Никола Груевски, поради силната реакција на јавноста. „Вчера, Бујар Османи јавно ја призна средбата со бегалецот од правдата, Никола Груевски, а денес негира. Ова е ништо друго освен лагa во состојба на паника“, рече Азизи.

Тој додаде дека, според него, ДУИ и Османи и денес соработуваат со Груевски и Сашо Мијалков, при што бегството на Груевски и донесувањето на законот за амнестија за Мијалков биле организирани со нивна поддршка.

„Сите овие факти ја откриваат хипокризијата на Османи. Тој сака да ја избрише вистината, но фактите остануваат: ДУИ секогаш била во линија со осовината Вучиќ–Груевски“, нагласи Азизи, повикувајќи ги Албанците на 19 октомври да дадат одговор на, како што рече, лагите и предавствата на ДУИ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран