Американскиот претседател Доналд Трамп по еднонеделна пауза се обрати пред новинарите и ја претстави, како што ја нарече, „возбудливата вест“ – седиштето на Вселенската команда ќе биде преместено од Колорадо во Хантсвил, Алабама.
Трамп објасни дека новата локација ќе биде преименувана во „Rocket City“ во чест на базата и дека таму ќе се изгради „Златната купола“, напреден ракетен одбранбен систем инспириран од израелската „Железна купола“. „Сите сакаат да бидат дел од ова. Ќе имаме штит каков што светот досега не видел. Дури и Канада се јави да биде дел од проектот“, изјави Трамп.
Министерот за одбрана Пит Хегсет нагласи дека ова е историски чекор кој ќе им овозможи на САД да ја задржат доминацијата во вселенската трка. „Кој го контролира небото, ќе ја контролира иднината на војувањето“, рече Хегсет.
Потпретседателот Џеј Ди Венс истакна дека првично лобирал за Охајо, но дека одлуката за Алабама е исправна. „Становниците на Алабама се премногу убедливи. Ова е вистинското место за Вселенските сили“, додаде Венс.
Трамп накратко се осврна и на своето отсуство од јавноста, велејќи: „Не ме имаше два дена и веднаш почнаа шпекулации. Бајден не се појавуваше со месеци и никој не прашуваше што е со него.“