Јужнокорејската обавештајна служба (NIS) соопшти дека околу 2.000 севернокорејски војници распоредени на руска страна во конфликтот во Украина загинале во борбите. Во април, NIS проценуваше дека бројот на загинати бил најмалку 600, но најновите анализи ја подигнуваат бројката на околу 2.000.
Според проценките на јужнокорејските и западните обавештајни агенции, Пјонгјанг минатата година испратил повеќе од 10.000 војници во Русија, главно во Курската област, заедно со артилериски гранати, ракети и повеќецевни фрлачи.
Претставникот Ли Сонг-квеун истакна дека Северна Кореја планира да испрати дополнителни 6.000 војници и инженерски екипи, од кои околу 1.000 веќе пристигнале во Русија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека единиците од Северна Кореја ќе испраќаат градители и пиро-техничари во Курската област.
Пјонгјанг јавно призна дека неговите војници се испратени во Русија дури во април и дека некои од нив загинале, при што лидерот Ким Џонг Ун им изразил сочувство на семејствата на загинатите, а државните медиуми објавија снимки од емотивни средби и церемонии за оддавање почит на паднатите борци.
Претходната година Русија и Северна Кореја потпишаа договор за воена соработка со клаузула за меѓусебна одбрана за време на реткиот посета на Владимир Путин на Пјонгјанг.