Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто предупредување за нестабилно време утре и задутре, со очекуван пороен дожд, грмотевици, засилен ветер и изолирана појава на град.
Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, со над 20 литри дожд на квадратен метар за кратко време. Ветерот ќе дува со брзина над 60 километри на час.
Во Скопје, исто така се очекува нестабилно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Утринската температура најниска ќе биде во Берово, до 8 степени, додека најтопло ќе биде во Скопје, Гевгелија и Велес, со максимални 35 степени Целзиусови.
Жолтиот аларм укажува на умерена опасност од временските услови, со можност за умерени последици по околината и луѓето. Следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.