УТРО.мк

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година
Vero

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на говор во Чаир, ги демантираше наводите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија. „Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година со петнаесет илјади вооружени војници“, изјави Ахмети, пренесува 4NEWS.mk.

Тој додаде дека партијата се залага за унитарна и рамноправна држава за сите, а не за „тиранин за едни“. На партискиот настан, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, Ахмети го потпишал т.н. „Закон за Чаир“, со што, како што рече, го потврдиле најголемото национално единство од 2001 година.

„Сите се обединети за да го вратат достоинството, честа и да ги заштитат достигнувањата. Борбата некогаш беше за еднаквост, денес е за заштита од дискриминација и лошо управување. Сенародното движење на отпор и надеж станува сè посилно и поинклузивно“, порача Ахмети, повикувајќи ги граѓаните да се подготват за октомврискиот референдум.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран