Викендов во скопската Зоолошка градина настана непријатна ситуација кога група деца се качија на оградата на едно од живеалиштата, иако јасно е истакнато дека тоа е забрането. Настанот го забележа еден од негувателите, Војо Иванов, кој објави видео на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како Иванов им приоѓа на децата и ги предупредува да слезат од оградата, но дел од родителите реагираат со забелешки наместо да помогнат. Во дијалогот се слушаат реплики како: „Полека бе, полека“ и „Ако де, што има врска?“, додека Иванов инсистира дека децата мора да слезат.
„Јас култура, а вие сте на ограда?“ реагира негувателот, на што родителот возвраќа: „Ако, мое право“. Во коментарот на видеото, Иванов напиша: „Ризик јак, недела со гостите“. Реакциите на јавноста беа критички насочени кон недоличното однесување на дел од посетителите.