Синоќа три маскирани лица се обиделе да запалат маркет во населбата Скопје Север, фрлајќи шишиња со запалива течност.
Од нападот е причинета материјална штета, но за среќа нема повредени лица.
Инцидентот е забележан од безбедносните камери. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителите и целосно расчистување на случајот.