УТРО.мк

ВНИМАВАЈТЕ – Полицијата предупредува: Лажни службеници телефонски бараат пари од граѓаните

ВНИМАВАЈТЕ – Полицијата предупредува: Лажни службеници телефонски бараат пари од граѓаните
Vero

СВР Велес информира дека во изминатиот период примени се пријави од граѓани, најчесто повозрасни, дека биле измамени од непознати лица кои телефонски се претставуваат како службеници и бараат пари.

Сторителите најчесто бараат финансиски средства за наводно ослободување од кривичен прогон на блиски кои, како што тврдат, предизвикале или биле жртви во сообраќајни несреќи. Само во последното деноноќие, СВР Велес регистрира пет пријави за обиди за вакви измами.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни при телефонски повици од непознати броеви, да не даваат пари, веднаш да го прекинат разговорот и случајот да го пријават во полициска станица.

За заштита на граѓаните, полициски службеници од Отсекот за превенција спроведуваат едукација преку разговори и материјали со совети за заштита, а превентивните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено со повозрасната категорија на граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран