УТРО.мк

Нова провокација од Турција? – Борбени авиони го прекршија воздушниот простор

Нова провокација од Турција? – Борбени авиони го прекршија воздушниот простор
Vero

Два вооружени турски воени авиони Ф-16 вчера го прекршија воздушниот простор ФИР Атина во југоисточниот дел на Егејското море, пренесуваат грчките медиуми. Ова е прво вакво прекршување од страна на Турција по пауза од 30 месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Воените авиони прелетале меѓу островите Родос и Кастелоризо без претходно да достават план на летање. Вкупно, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани три прекршувања на ФИР Атина: двата Ф-16, еден авион од типот АТР-72 и еден хеликоптер.

Според грчките медиуми, сите турски авиони биле идентификувани согласно меѓународните правила. Последните вакви прекршувања од турска страна биле забележани во февруари 2023 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран