Контроверзниот Виктор Стојанов, Бугар од Македонија кој има забрана за влез во нашата земја, тврди дека Цеца има бугарски корени и затоа на концертот во Велес се нагрнала со бугарското знаме. „За него, бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата.“
Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, потекнува од селото Житораѓа, кое некогаш било дел од бугарската егзархија во рамките на Нишката епархија до ослободувањето во 1877 година. Според тоа, нејзиниот роден крај, како и самиот Велес, припаѓале на духовниот и културниот простор на бугарската нација.
„Во овој контекст, нема ништо скандалозно во тоа што личност со такви корени го крева бугарското знаме. Напротив, тоа е чин на признавање на сопствената историја“, смета Фондацијата „Македонија“. Тие додаваат дека отсекогаш го бранеле правото на луѓето да бидат горди на своите вистински корени и историска вистина.
„Бугарското знаме е симбол на културата, духовноста и слободата. Тоа не разделува, туку обединува. Да не ја претвораме гордоста во омраза. Вистината не може да биде скандал. Илинденското востание во 1903 година беше кренато со бугарското национално знаме“, вели Стојанов.































