УТРО.мк

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско по сообраќајна незгода

Прекин на сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско по сообраќајна незгода
Vero

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско од 17:10 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, додека на останатите државни патишта се одвива непречено, соопшти АМСМ. Коловозите се претежно суви, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Ова посебно се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран