Регулаторната канцеларија за енергетика (RUE) во Косово донесе одлука електричната енергија да поскапи за 16 отсто за сите категории потрошувачи. Првичниот предлог предвидуваше раст од околу 15 отсто.
Дел од одлуката било разгледувањето на жалбите на граѓаните – RUE добила 396 коментари, при што многумина се пожалија на економските тешкотии, инфлацијата и ниските приходи, изјави управниот директор Петрит Пепај.
Веќе започнаа протести против ова поскапување, а демонстрантите на транспаренти истакнуваат: „Кога нема за леб, не треба ни струја“, „Платата не ни стигнува за живот, а ви ни ја зголемувате струјата“ и „Ниту цент повеќе“.
Времената влада повика RUE да не ја зголемува цената на струјата за потрошувачи кои користат помалку од 800 киловат-часови месечно. Во моментов, цената за оваа категорија изнесува 7,79 центи по киловат-час.
RUE годишно ги разгледува и одредува тарифите за електричната енергија во Косово, кои важат од 1 април до 31 март наредната година.