Најголемиот леден брег во светот, наречен A23a, ова лето се распадна на големи парчиња, изгубувајќи околу 1.000 квадратни километри, соопшти Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот (AARI).
Три огромни парчиња со површина од 60 до 300 квадратни километри се одвоија од главниот брег истовремено. Според извештајот, во текот на зимските месеци на Антарктикот, ледениот брег загубил 36% од својата површина, што објавија руски медиуми.
На почетокот на јуни, површината на A23a надминувала 2.700 квадратни километри – приближно колку градот Москва. Сега, по распаѓањето, неговата површина изнесува 1.700 квадратни километри, што е споредливо со Санкт Петербург.
Ледениот брег неочекувано почна да плови кон Скошкото Море во пролетта 2023 година. Подоцна, океанските струи го поместија на отворено море, а потоа го насочија кон островот Јужна Џорџија на почетокот на оваа година.