УТРО.мк

Вечер: ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?

Вечер: ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?
Vero

Пресметка меѓу две групи избила вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што присутни биле и партискиот лидер Али Ахмети, како и кандидатот за општина Чаир, Бујар Османи, јавуваат медиумите на албански јазик.

Настанот се случил околу 19:00 часот, за време на собир што беше најавен како средба со политичкиот актив на ДУИ во Чаир. Според очевидци, по вербална расправија меѓу присутните, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, предизвикувајќи тензии и хаос.

Информациите од местото на настанот говорат за тепачка со тупаници и турканици, во која биле вклучени повеќе лица.

Незадоволството во ДУИ е очигледно, особено поради лошата состојба на теренот, пишуваат медиумите наалбански јазик.

Извор: vecer.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран